Копирајте едноставен Шанел маникир
Објавено: 8 февруари, 2014, во 11:26 часот
Шанел воодушеви со неодамна претставената колекција за пролет/лето 2014 и понуди едноставна и прекрасна идеја за маникир која лесно може да се копира. Ако сте љубител на елегантен маникир ова сигурно ќе ве освои на прв поглед.
– Изберете две бои на лак. Инспирацијата за и зборот можете да ја најдете овде.
– Ноктите подгответе ги за лакирање. Средете ги,исчистете ги со ацетон иако не биле лакирани пред тоа.
– Нанесете го првиот лак и оставете добро да се исуши.
– Другиот лак нанесете го на средината на ноктот и имитирајќи природна форма на нокот нацртајте ја посакуваната форма.
– Кога другиот слој на лак се исуши нанесете проѕирен лак за се да фиксирате на маникирот да му обезбедете долготрајност.
