Цветна експлозија на „Viktor & Rolf“

Објавено: 8 февруари, 2014, во 08:56 часот

„Flowerbomb by Viktor & Rolf“ е нов цветен парфем кој доаѓа во прекрасно шишенце во форма на дијамант, со многу лица.

Авангардниот холандски двоец Viktor & Rolf создаде парфем за кој веќе сега можеме да кажеме дека е класичен. „Flowerbomb“ е експлозија на цвеќе во шишенце формирано како дијамант со многу лица.

-Овој мирис го креиравме така што ги тргнавме сите граници кога станува збор за проучување на цвеќето и мечтата на букетот, објаснува Oливер Полџе. Тој е еден од тројцата заслужни, Карлос Бенаим од Њу Јорк  и Домитиле Бертиер од Париз.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.