Опоравете ја оштетената коса!
Објавено: 3 февруари, 2014, во 08:34 часот
Потстрижувањето не е единствено решение за проблемот со оштетена коса. Пред да се одлучите за ножиците обидете се да ја опоравите косата.
Поретко миење – Шампоните ги отстрануваат природните масла од косата.Користете нежни шампони,косата мијте ја поретко и секој пат темелно измијте ја. Кога ќе посакате да ја освежите косата направете го тоа со шампон за суво миење.
Секогаш користете регенератор-Никогаш не го прескокнувајте и одлучете се за оној кој делува длабински доколку вашата коса е премногу оштетена.Немојте да го нанесувате на темето туку од средина на должината до врвовите.Пожелно е еднаш неделно на косата да нанесете маска за потхранување.
Заштита –Секогаш користите производи за заштита од топлина.Прозиводите со кератин се добар избор бидејќи косата ја прават сјајна и нежна.
Серум – Серумот го измазнува влакното и обезбедува заштитна бариера.
Чешлање – КОга косата е мокра е склона кон оштетување па затоа немојте да ја чешлате додека не се исуши. Препорачливо е да се користат четки од природни материјали кои најмалку штетат на косата.
