Од март „Аирлија зголемена минимална плата“
Од март годинава ќе почне пресметката на зголемениот минималец од 8 800 денари. Под заедничко мото „Аирлија зголемена минимална плата “ тројката составена од Владата, Синдикатот и работадавачите ја поздравија одлуката. Од март годинава ќе почне пресметката на зголемениот минималец од 8 800 денари, јави 24 Вести.
Под заедничко мото „Аирлија зголемена минимална плата“ тројката составена од Владата, Синдикатот и Работадавачите ја поздравија одлуката.Од Организацатијата на работодавачите уверуваат дека компаниите ќе ја почитуваат законската обврска и дека фирмите нема да претрпат поголем финансиски удар.
Зголемувањето на платите ќе биде етапно. До 2016 година траба да изнесува 1080 денари. Од ова решение се изземени работниците од текстилната и кожарската индустрија во која работат 30 отсто од работниците во приватниот сектор, тие ќе треба да ја почекаат зголемената минималана плата до 2018 година.
За непочитувачите, владините министри најавија високи парични казни.
Додека од организацијата на работодавачи сметаат дека минималната плата нема значајно да ја промени сегашната кондиција на фирмите, во интревју за Тренд , стопанственикот Мирче Чекреџи, кој е дел и од раководните органи на Сојузот на стопански комори изјави дека одлуката тешко ќе се спроведе на терен.
Според Синдикатот и сегашната утврдена минимална плата од 8 050 денари не се почитува кај 15 % од компаниите во земјава.