Предупредување: корсетите не се здрави за твоето тело !

Објавено: 23 јануари, 2014, во 10:37 часот

Корстетите за тело особено оние од брендот Spanx, во мода ги вратија холивудските старлети кои се колнат дека без тој магичен производ никогаш не би имале храброст да се вовлечат во сексапилните тесни фустани со потпис на познати дизајнери.

Откако Jennifer Lopez, Kim Kardashian  и слични раскошни девојки ги фалеа до небо,многу обични девојки набавија свој пар,но стручњаците предупредуваат дека постојаното носење не е нималку безопасно.

Порталот Beauty News известува дека лекарите и стручњаците навистина се загрижени поради се почестата употреба на корсетите.

Зошто?

Кога носиме тесни стегачи кои го покриваат стомакот,задникот и колковите на забавите,посилно се потиме и нашата кожа потешко дише па така често доаѓа до воспаление на меурот и проблеми со јајниците.

Многу тесните корсети силно го стискаат стомакот па така предизвикуваат многу проблеми кај жените кои имаат слаб желудник или проблеми со желудочна киселина.

Тие цврсто ја стегаат ногата и задникот и лошо делуваат на циркулацијата и можат да предизвикаат појава на целулит.

Заклучок:

Носете ги само во посебни прилики како што се роденденска прослава или некој настап. За сите останати прилики изберете поширок фустан или едноставно тргни во теретана.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.