SJP ќе уредува сајт за накит

Објавено: 22 јануари, 2014, во 10:59 часот

Популарната Сара Џесика Паркер ќе биде задолжена за избор на дизајнерски накит кој ќе се продава на сајтот WeTheAdorned.

SJP доби можност уште еднаш да ја покори модната индустрија ! Спрема пишувањата на сајтот WWD, Сара во иднина ќе соработува со WeTheAdorned сајтот кој пред се ќе се занимава со продажба на луксузен накит преку интернет а кој со работа треба да почне на почетокот на пролетта.

Меѓу избраните дизајнери чиј накит ќе биде на понуда на сајтот се споменуваат имиња како што се Dannijo, Fenton and Fallon, Erickson Beamon и Pamela Love.

Инаку,Сара во последно време  е многу ангажирана во модниот свет особено откако ја најави својата колекција на чевли SJP, која ја смисли заедно со Џорџ Мејкмус,претседател на американскиот огранок на брендот Маноло Блахник од која се очекува дека ќе биде апсолутен хит во светот на модата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.