Два едноставни чекори за поизразени трепки
Објавено: 22 јануари, 2014, во 10:16 часот
Кога станува збор за нанесување на маскарата секоја жена има сопствени правила. Но без оглед на густината или должината на вашите трепки постојат два едноставни трикови со кои најмногу ќе ги изразите.
Поглед – Кога нанесувате кармин или руменило најдобро е да гледате директно во огледало. Но таквиот пристап е погрешен при нанесување на маскарата. Кога ги шминкате трепките малку оддалечете се од огледалото и погледнете кон носот. На овој начин трепките подобро ќе ги подигнете и природно ќе ги навиткате.
Нанесување – При нанесување на маскарата, четкичката секогаш поставете ја на самиот корен на трепките за да постигнете што подобар волумен и лесно правете цик-цак движења на лево и на десно.
