Трикови за да изгледате свежо по ноќ помината со алкохол!
Објавено: 9 јануари, 2014, во 10:33 часот
Утрото е пред вас и нов работен ден. Имавте убаво помината вечер, а испивте малку повеќе алкохол.
Ниту една жена не треба да си дозволи да се појави на работното место со лице кое изгледа црвено и уморно. Ви нудиме трикови со кои ќе можете да ја избришете „штетата“ и да изгледате како ништо да не се случило претходната вечер.
Со оглед на тоа дека најверојатно сте биле премногу пијана за да ја отстраните шминката од лицето, најпрвин направете пилинг, а потоа преминете ја кожата со нежен гел за миење на лицето.
Црвенило- алкохолот ги проширува крвните садови
Кругови под очите – од лошото спиење
Супер сува кожа – од дехидратацијата
На свежо измиената кожа нанесете богат слој од хидратантна крема. Горниот дел од капакот на окото е прилично тенок, па затоа нанесете неутрална сенка или малку светкава сенка со цел да ја рефлектирате светлината.
Делот под окото неутрализирајте го со коректор во розова нијанса кој ќе го нанесете на внатрешниот агол. Потоа нанесете коректор осветлувач на преостанатиот дел од под окото и полека измешајте го преодот помеѓу двата коректора.
На долната страна од окото нанесете моливче за очи во боја на кожа.
Свежиот изглед имитирајте го со руменило во нежно розова боја кое ќе го нанесете паралелно со јаболкниците. На крај финиширајте со впечатлив кармин.
