Koлку време поминувате со телефонот?
Објавено: 8 јануари, 2014, во 08:26 часот
Просечниот корисник во текот на денот го држи својот поглед околу два часа или поточно 119 минути закован за екранот на својот паметен телефон, а на саканата личност и подарува само 97 минути внимание.
Оваа појава се објаснува со извршувањето на голем број на активности преку нашите паметни телефони, како што е сурфањето на интернет (24 минути во просек), консултирање на социјалните мрежи (16 минути) и слушање музика (15 минути). Тука е и играњето на игри (13 минути), телефонирањето (11 минути) и испраќањето на СМС пораки и мејлови (9 минути).
Анкетата која ја спроведе компанијата за продажба на мобилни телефони О2, даде загрижувачки резултати: повеќе време поминуваме во виртуелниот свет отколку во односот со луѓето од нашата непосредна средина.
