Ослободете се од стресот за само 45 секунди

Објавено: 3 јануари, 2014, во 08:33 часот

Доколку мислите дека во денот имате премногу обврски и оти не можете да се релаксирате, се лажете бидејќи за само 45 секунди можете да си помогнете себе си во ослободување од стресот.

Прочитајте пасна – неколку секунди се сосема доволни да прочитате поезија или да се потсетите на својата омилена сонета.

Издувајте се – Прошетајте. Дури и неколку секунди шетање ја согорува негативната енергија и ве прави да се чувствувате ментално поспособни.

Следете ги мирисите – Пријатните мириси можат да ви го освежат денот и имаат поволно влијание на расположението.

Разбудете го мозокот – Медитирајте, помолете се, комуницирајте со природата, односно правете го она што вас најмногу ви одговоара.

Слушнете ја омилената песна – Тактовите на вистинската песна можат да го сменат погледот на светот за помалку од 45 секунди.

Не заборавајте да дишете – Многу е едноставно, издвоите неколку моменти во кои ќе се посветите само на своето дишење.

Организирајте се – За некој најдобар начин да се ослободи од стре е да ја среди куќата и да се организира.

Украдете малку нежност – Ако имате домашно милениче помилувате се со него, а ако немате тоа направете го со меко ќебе или џемпер и пробајте да профитирате од тој нежен допир.

Џвакајте – Јадењето и пијалокот помагаат да се опуштите, а ако направите правилен избор на храна, вашиот ден би можел да биде многу полесен.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.