Хороскопските знаци и љубовните врски
Природата на планетата и елементите под чиешто влијание се хороскопските знаци одредуваат дали некои од нив да имаат тенденција подолго да останат во врска.
Близнаците, вагите и водолииите се склони кон менување на партнери, а раковите, скорпиите и рибите се најверни. Огнените знаци се склони на длабоки емоции, но не на долги патеки.
Овен
Брзо и силно се вљубува, премногу рано се врзува, а потоа се оддалечува. Пред да раскине поминуваат и по неколку месеци. Обично постои период на процена и преиспитување на емоциите, но типичните овни, обично се обидуваат и со други личности.
Бик
Луѓето родени во знакот на бик се верни и предадени. Кога ќе го запознаат својот избраник или избраничка се врзуваат за цел живот. Ако сексуалниот живот во врската избледи, ќе се запрашаат дали сето тоа има смисла. Најверојатно во тој случај ќе ве изневерат, но нема да му признаат на партнерот, ниту пак ќе го напуштат заради тоа.
Близнаци
Близнаците се склони кон тоа да бидат изразено верни и никогаш да не ги остават партнерите, но ќе ги испитуваат вашите нерви до крајните граници. Близнаците ќе ги фасцинирате така што ќе ги направите љубоморни, на тој начин ќе останат во врска засекогаш.
Рак
Ова е знакот кој што сака да се врзе за една личност. Тие не сакаат игри во односите. Знаат да бидат љубоморни, да бараат премногу и да бидат несигурни. Кога ќе ја озаконат врската и ќе се венчаат, раковите остануваат со вас засекогаш.
Лав
Лавовите вообичаено се внимателни. Кога ќе се вљубат, таа врска е страсна, но само на година или две. Лавовите носат немир во срцето кој што ги тера на моногамија.
Девица
Овој тврдоглав, практичен знак сака кратко додворување со малку секс. Тие се залагаат за воздржување од секс пред бракот. Додека чувствуваат дека во бракот или врската постои материјално богатство и сигурност и доза на почитување, врската со девицата ќе трае.
Вага
Вагите се доста верни знаци. Тие се склони на долги врски затоа што сакаат да бидат пријатели со партнерите. Сепак, многу лесно го менуваат мислењето, во еден момент се студени, а во друг страствени. Врската со вагата ќе трае се додека таа е заинтересирана за случувањата во постелата и се додека сте подготвени да и пружите голема доза на внимание.
Скорпија
Скорпијата е најприврзан знак во Зодијакот. Нивните партнери често се присилени да се соочат со соперници. Тоа создава несигурност и врската може да се распадне по една година.
Стрелец
Ова е неодлучен знак кој има проблеми со врзувањето за една личност. Ако сакате врската со стрелецот да трае со години, морате да ги поддржувате во она што тие го наумиле, но и да им дадете доволно слобода.
Јарец
Јарецот е традиционален знак кој очекува традиционална венчавка. Ова е знак кој очекува апсолутна верност и кој ќе остане со партнерот долго. И сексуалниот однос и децата се она што личноста ја врзува за јарецот. Изневерувањето е секогаш причина за раскинување.
Водолија
Ова е доста немирен знак на кои што им е проблем да останат со некого во врска од неколку дена. Разноликоста е она од што се состои нивниот живот. Тие не се премногу наклонети кон секс. Може лесно да бидат фасцинирани од некого, но бргу го губат интересот. Најдобрата шанса да задржите водолија е да го заинтригирате нејзиниот интелект.
Риби
Ова е еден од најверните знаци во Зодијакот. Кога бараат партнер, го бараат за цел живот. Имаат строги морални принципи, но рибите знаат да го изневерат и партнерот. Тоа никогаш не би го признале. Лицата родени во знакот риба имаат обичај да се оженат или да се омажат за нивната љубов од средно училиште.