Воздухот во Скопје денеска е загаден седум пати повеќе од дозволените граници
Во Тетово е критично со надминување на граничните вредности за дури 14 пати. Маглата се намали но загаденоста уште повеќе расте, останува граѓаните почист воздух да очекуваат во петок за кога метеоролозите најавија дожд, јави 24 Вести.
Министерот за животна средина Абдулаќим Адеми сеуште не ги открива поригорозните мерки кои ги најави пред неколку дена доколку загаденоста на воздухот остане висока. Сега вели ако има потреба за нови забрани ќе се одлучело во петок.
За загаденоста на воздухот криви се граѓаните вели Владимир Џабирски поранешниот министер за животна средина.
Според него тие не се откажуваат од автомобилите иако сообраќајот е еден од најголемите загадувачи на воздухот. Но ни тој самиот наместо со јавен превоз за средба со министерот Адеми дошол со својот автомобил.
Владата вчера на седница не предложи нови мерки против загаденоста туку одлучи до петок да ги продолжи веќе постоечките, од работа ослободени да бидат бремените жени, лицата постари од 60 години и астматичарите.
Адеми по повод 15 години постоење на министерството беше домаќин на поранешните министри.
На средбата се разговарало за спас на Дојранското Езеро, мерните станици за квалитетот на воздухот,законите за возди и за животна средина и други актуелни теми.