Трикови против тврди и испукани пети

Објавено: 24 декември, 2013, во 11:15 часот

Ви нудиме неколку евтини трикови кои се од голема корист за нега на вашите стапала.

1. Бања со јаболков оцет

За здрава кожа на петите неопходна е редовна хигиена. Негата на стапалото е важно да го започнете со бања во која сте додале јаболков оцет, кој е најдобра помош за длабинско чистење на габичките и нечистотијата.

Подготовка:

Во два литра вода додајте филџан јаболков оцет, стапалата држете ги во бањата најмалку 30 минути и оваа постапка повторете ја барем два пати неделно.

Доколку станува збор за бактериска инфекција поради која кожата ви е во лоша состојба, два пати неделно правите бања со топла вода во која ќе додадете неколку капки од чајно дрво. Ова масло е познато по своето антибактериско и антисептичко дејство.

2. Пилинг од мед и ориз

Мртвите клетки потребно е да ги отстраните, затоа што под нив се крие здрава нова кожа. Тоа можете да го направите со помош на добар пилинг.

Подготовка:

Пола филџан ориз иситнет во мултипрактикум и во смесата додајте 2 децилитра јаболков оцет и две лажици мед. Добро измешајте и смесата тријте ја на тврдата површина на петите. Медот и оцетот ја омекнува кожата, додека оризот ќе ги отстрани мртвите клетки.

3. Маска од бадемово масло

После пилингот, стапалата треба да се исперат и добро да се исушат, а потоа да се нахрани кожата. Адитивните витамини на маслиновото и на бадемовото масло, кои изобилуваат со витамин Е се одличен начин како да ја потхраните кожата и да и обезбедите соодветна влага.

Подготовка:

Четири лажици маслиново масло помешајте со пет капки бадемово масло. Нанесете ја смесата на петите и со кружни движења по целата површина масирајте ја површината.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.