Најинтересни празнични џемпери
Објавено: 16 декември, 2013, во 09:29 часот
Сите ги знаеме оние сцени во божиќните филмови кога доаѓа на ред подарувањето и некој секогаш добива џемпер со собата на Рудолф или снегулки…
Секако во филмовите тоа е синоним за грозен,традиционален,застарен и севкупно најглуп можен подарок,особено кога мажите ќе го добијат од своите мајки или баби,но нам многу ни се допаѓа.Има нешто подобро од топол,фин џемпер од кој ни се насмевнува симболот на празничното расположение.
Со фармерки,чизмички,капут или јакна,со модни додатоци како шал и капа или шешир,вашата божиќна комбинација едноставно е совршена.
