Мејк ап колекција инспирирана со филмот Малефицент
Објавено: 10 декември, 2013, во 11:48 часот
Познатата козметичка куќа МАК овие денови објави дека наскороо на пазрот ќе исфрли лимитирана колекција инспирирана од филмот Малефицент во кој главната улога ја има Анџелина Џоли.
Капсул колекцијата првенствено ќе биде инспирирана со главниот лик кој го глуми споменатата актерка,затоа очекуваме многу одлични мејк ап слатки задоволства. Пред неколку дена во јавноста протече првиот плакат за по многумина најочекуваниот филм за 2014 година а после плакатот стигна и првиот трајлер.
Ова е прва филмска колекција за МАК но во 2010 година исфрлија лимитирана колекција инспирирана со Дизни ликовите од цртаниот филм Веномус Вилејнс во кој исто така се појавува Малефицент па ова е своевидно продолжение на многу успешната колекција.
Се веселиме на прекрасната палета на бои и амбалажа поради која Малефициент мејк ап сигурно ќе го снема од полиците.
