Стил на денот – Шик „електрик“ син капут
Објавено: 10 декември, 2013, во 08:40 часот
Сината боја ни доаѓа во многу разни тонови но една нијанса ги украде нашите срца оваа есен.
Електрик сината е наша омилена а и миленичка на многу познати личности и дизајнери. Ја видовме оваа прекрасна сина нијанса на модните икони како што се Џесика Алба,Кејт Мидлтон,Ким Кардашиан и Софиа Вергара. Ние сакаме сина на фустаните,блејзерите а особено на чевлите.
Затоа ви препорачуваме да инвестирате во син капут. Оваа боја е многу посвежа од класичните црни и кафеави капути. Електрик сината е една од оние ретки бои кои изгледаат добро и во мали и во големи количини. Бидете храбри и по малку дрски со својот избор на облека.
За да го искористите целиот потенцијал на електрик сината комбинирајте ја со холограмски парчиња и дадете добар финиш со единствен и модерен изглед.
