Враќање на Пјер Карден во високата мода

Објавено: 9 декември, 2013, во 12:50 часот

Вчера Пјер Карден по прв пат после 1996 година ја претстави својата хаут кутур колекција и тоа надвор од рамките на традиционалната Недела на модата.

91-годишниот дизјанер ја организираше ревијата во познатиот ресторан Максим чиј сопственик е уште од 80-те.

-веќе 60 години ги организирам ревиите и сега сакам тоа да го правам самостојно кога што ќе посакам. Не сакам да бидам врзан тука се чувствувам како дома. Можам да работам што сакам,слободен сум и зависам од никого,изјавил тој.

Колекцијата во која дизајнерот ги претстави маките и женските парчиња ја одбележа 60 годишнината од првата ревија на Карден. Откри дека ја организирал ревијата за да ја поттикне француската економија во тешките времиња.

– Кога дизајнираш фустани на високо ниво ги купуваат богати жени. Мораме да ги натераме богатите да ги трошат парите,луѓето мораат за нешто да живеат и тоа е мојата порака,изјавил Карден.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.