Модни совети за секоја прилика
Објавено: 9 декември, 2013, во 10:26 часот
Модните правила со текот на времето се менуваат. Меѓутоа постојат некои работи на кои треба да се придржувате во секоја прилика. Еве некои од нив.
1. Добро познавање на кожата на лицето
Лицето има големо значење кога станува збор за модата. Неопходно е да го знаете типот,текстурата и бојата на вашата кожа бидејќи тоа ќе ви помогне во изборот на пудер,руменило и останатата шминка
2. Проверете ја својата гардероба
Веројатно во орманот имате разна гардероба секако во склад со вашиот стил. Меѓутоа потребно е да имате и некое парче облека за посебни прилики како што е излегување,разговор за работа или одење на венчавка.
3. Обувките се многу важни
Не можете исти обувки да носите во сите прилики. Чевлите нека ви бидат за утринска прошетка или одење на работа а штиклите за одење на вечера или состанок.
4. Фризура
Во зависност од типот и должината на косата,треба да научите да правите фризури кои би можеле да ги имате во разни прилики. Доколку имате пократка коса можете да ја соберете во мала пунџа или опавче а ако имате долга коса немојте да ја собирате туку исфенирајте ја и пуштете.
5. Бидете внимателни со модните додатоци
Додатоците како обетки,чорапи,чанти и разен накит играат важна улога во вашиот изглед. Доколку имате светол фустан ставете накит кој не свети толку многу. Бојата на ноктите,накитот и чантата комбинирајте ги со гардеробата,затоа водете сметка се добро да одговара.
