Светска банка денеска ќе го презентира полугодишниот извештај за економиите во регионот
Објавено на 9 декември, 2013 во 09:01
Светска банка денеска ќе го презентира редовниот полугодишен извештај за економската состојба во Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија.
Извештајот содржи информации за состојбата на земјите од регионот по нивното излегување од рецесија во првата половина на годинава, очекуваниот кумулативен регионален економски раст од 1,8 проценти до крајот на годината и идните перспективи.
Регионалниот извештај ќе го претстави Галина Андронова-Винчелете, главен економист на Светска банка за регионот на Европа и Централна Азија.
