Прочитајте го ова и никогаш нема да заспиете со шминка

Објавено: 9 декември, 2013, во 08:40 часот

Вадењето на шминката навечер пред спиење понекогаш е вистинско мачење а се случува и едноставно да на ја извадиме шминката и да се фрлиме во кревет. Дали тоа ќе ви се случува и откако ќе ја прочитате следната приказна.

Новинарка на Дејли Мејл сакала да испроба како би изгледала ако не ја вади шминката еден месец. Веќе третиот ден,и се појавиле бели цисти околу трепките а кожата и станала посува. Пријателите почнале да забележуваат и да и кажуваат дека изгледа уморно. После десет дена се разбудила со надуени очи поради грутчињата од маскарата.

После еден месец отишла на дерматолошка клиника да ги поправи штетите на лицето. Специјален фотограф открил дека текстурата на површинскиот слој на кожата и е многу полоша отколку претходниот месец затоа што во кожата имало помалку кислород. Брчките се продлабочиле,поради сувата кожа.

Црвенилото на лицето,со кое веќе имала проблеми уште повеќе се влошило а порите се прошириле. Стручњаците тврдат дека еден месец не вадење на шминката може да ве направи постари за десет години.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.