Поскапуваат бензините за 1,5 денар

Објавено на 2 декември, 2013 во 15:17

Малопродажните цени на бензините на дизелот од полноќ се зголемуваат за 1,5 денари, додека цената на  екстралесното масло се зголемува за два денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Литар еуросупер БС-95 од ноќеска на полноќ ќе се продава по цена од 78 денари, новата цена на литар еуросупер БС-98 изнесува 80 денари, додека дизелот ќе се продава по цена од 70 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 59 денари за литар.

Новата цена на мазутот М-1 НС изнесува 41,092 денари за еден килограм.

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.