До зглоб, лист или колено …какви чизми ви одговараат?

Објавено: 21 ноември, 2013, во 08:25 часот

Доколку сте високи и витки не морате многу да мислите: секој модел добро ќе ви одговара дали ќе го облечете со мини сукња,фустан до колена,тесни фармерки или хеланки.

Доколку не сте свесни дека имате убави нозе тогаш скратете ги со модел до половина лист.

 

Јасно ви е дека истиот модел никако не е за пониски лица за кои идеални чизми се до колена,но само оние прилепени.

Со чизми над колено визуелно ќе ги издолжите нозете но никако немојте да ги носете ако имате изразени колкови.

Немојте да носите чизми над колена со висока штикла преку ден освен ако не учествувате во некои матине маскенбали каде ќе бидете жена мачка од истоимениот филм.

Кратки чизми кои токму сега се популарни особено ако се без штикла и имаат нитни,одлично одат со џинс,панталони,хеланки,тесни сукњи и фустани. Комотни се,ефектни така да се одлично решение за ситуациии кога директно од работа или факултет треба да го продолжите ноќниот живот

Како мачка во чизми ќе изгледате ако чизмите кои се превиткуваат над колена ги носите со хеланки. Ти подобро одат со тесни панталони или шорцеви од штоф и сомот.

Чизмички какви што носеше Петар Пан можете да облечете со тесни сукњи и фустани,која било должина. Тие подобро одговараат со послаби нозе а никако не се за дами со подебели листови.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.