Возач од Иванковци управувал „голф“ со 2,22 промили алкохол во крвта, завршил во полиција каде му го одзеле и возилото

Објавено: 6 јули, 2026, во 13:35 часот

Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес кои вчера вечер вршеле контола на сообраќајот во село Иванковци го запреле возачот В.М (34) кој возел пијан и му биле измерени високи концентрации на алкохол во крвта. Тоа било причина возачот да заврши во Полициска станица Велес и да му биде одземен автомобилот.  

„На 05.07.2026 во 22:00 часот во село Иванковци, велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода В.М.(34) од с.Иванковци. При сообраќајна контрола во село Иванковци, било сопрено патничко возило „голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од В.М. и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,22 промили алкохол во крвта. По насоки од јавен обвинител тој бил задржан во полициска станица, возилото било одземено и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава,“ соопштија од СВР Велес.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.