“Pink Star” – најскап дијамант на светот
Објавено: 7 ноември, 2013, во 09:53 часот
“Pink Star”, редок розевкаст дијамант,опишан како дијамант полн со “оган и светло” е еден од најголемите природни богатства на Зeмјата,би можел да постигне цена од дури 60 милиони долари на аукцијата во ноември,со што ќе стане најскапиот дијамант на светот,велат од познатата аукциска куќа Sotheby’s.
Дијамантот “Pink Star”, кој тежи неверојатни 59.60 карати,изложен е во луксузен хотел во Женева а на аукција би требало да се најде на 13 ноември. “Pink Star” изрежен е избрусен од 132.5 каратен дијамант ископан во рудниците De Beers некаде во Африка во 1999. година.
Сегашниот рекорд го држи “Graff Pink”, 24.78 каратен дијамант со интензивна розова боја кој го купи Laurence Graff, лондонски трговец со скапоцености познат како Крал на дијамантите, на аукција во 2010 година за 45,75 милиони долари.
