Како да го подобрите растењето на косата?

Објавено: 5 ноември, 2013, во 12:44 часот

Еве неколку совети што треба да направите за вашата коса да порасне до својот потенцијал и да биде поубава и посјајна.

• Миете ја косата наутро кога се туширате. Ако ја миете навечер,за време на ноќта може доста да ви се заплетка и да изгледа лошо. Непосредно пред миење,со прстите нежно расчешлајте ја.

• Секојдневно земајте мултивитамин. Тоа ќе ги задоволи потребите на вашето тело за да може да создава здрава коса. Имајте на ум дека може да потрае неколку месеци да ги забележите резултатите,немојте да се обесхрабрувате.

• Јадете производи богати со железо(леќа,град,школки,спанаќ,суви сливи,суво грозје) и витамин Ц кој ќе му помогне на вашето тело да го апсорбира железото кое се наоѓа во зеленчукот. Истражувањата покажуваат дека недостиг на железо во организмот го забрзува паѓањето на косата.

• Опуштете се! Стресот е честа причина за трајно опаѓање на косата. Кога сте физички или емотивно вознемирени може да поминат 3 недели до 6 месеци за да забележите неповолни последици на косата. Затоа пронајдете начин да се ослободите од стресот.

• Подобрете го растот на косата така што ќе загреете кокосово масло во микробранова 1- минути. После тоа втријте го маслото во коренот на косата,оставете да делува еден час,па измијте ја косата. Со ова ќе го подобрите растот,јачината и сјајот на косата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.