Пробајте неколку маски за мрсна коса
Објавено: 2 ноември, 2013, во 11:24 часот
Маска со јогурт
Потребни состојки: 5 лажици јогурт,1 лажица сода бикарбона,1 лажица свежо исцеден сок од лимон
Измешајте ги сите состојки и нанесете ги на косата. Оставете маската да делува 40-на минути. Измијте со млака вода. Оваа маска можете да ја нанесувате еднаш неделно.
Маска со жолчка,мед и лимон
Потребни состојки: 1жолчка,2 лажици свежо исцеден сок од лимон и 1 лажица мед.
Измешајте ги состојките додека не добиете густа смеса. Маската нанесете ја на сува коса така што ќе ја втриете во темето. Потоа со четка распоредете ја маската низ косата. Потоа исплакнете со вода и измијтеја со благ шампон.
Маска со лук,сок од агава ,мед, лимон и жолчка
Исечкајте парче лук, додадете една лажица мед, сок од агава, лимонов сок и жолчка.
Смесата нанесете ја на темето и добро масирајте. Оставете да делува 30 минути. Потоа вообичаено измијте ја косата.
Маска со камилица,липа и коприва
Смесата од една лажичка чај од камилица,липа и коприва прелијте ја со шоља зовриена вода и оставете да стои 30 минути. Потоа процедите и во тоа ставете едно парче искршен црн леб. После 15 минути маската нанесете ја на темето,покријте ја косата со пластична капа и оставете да стои еден час. Потоа измијте темелно со топла вода.
Можете да подготвите и лосон за мрсна коса од 4 лажици лимонов сок и чашка алкохол. Секое утре триете на темето се додека не го решите проблемот со мрсната коса..
