Чипка – елеганција,префинетост и нежност

Објавено: 1 ноември, 2013, во 10:11 часот

Чипката некогаш беше присутна само на балските свечености на свадби и други свечени прилики на високата класа но тогаш доживеа бум и во секојдневниот живот.

Ја носеа сите,стана најдостапна а како што забележувате чипката се носи и денес и нејзината симболика е иста –елеганција,префинетост и нежност

Мотивите на чипката се менуваа во зависност од модата на тоа време. Беше симбол на отменост,а тој симбол и ден денес го задржа.

Со своите нежни мотиви таа на облеката и дава некоја топлина. Не постои џабе тврдењето дека чипката е кралица на сите ткаенини.

Кога носите чипка внимавајте на остатокот од другата облека бидејќи мора да биде се,само не предизвикувачки. Во тој случај важи правилото кое секогаш треба да го имате на ум! Чипка плус деколте,плус мини сукња – никако не доаѓа предвид. Запомнете го тоа и ако немате баш добро око за облекување ќе ви биде доволно само едно парче од чипка а останатото нека ја смири комбинацијата. Често,добро ќе ви дојде и кожна јакна која на сето тоа ќе му даде една нова,по малку рокерска и можеби малку подива димензија.  cipka

Ако чорапите се чипкасти,остатокот од облеката нека биде без чипка. Чипкаста може да биде и кошулата со класични машки панталони с широки ногавици. Чипкасто бело фустанче или кошула со фармерки ќе го заокружи изгледот на романтична девојка од соседството а таа може да биде и фантастична комбинација која се поигрува со карго панталони.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.