Tiffany есенска кожна колекција 2013
Објавено: 30 октомври, 2013, во 11:54 часот
Tiffany & Coја лансираше својата есенска коожна колекција на чанти. Дизајнерите Richard Lambertson и John Truex создадоа креативни чанти со карактеристичен облик и чисти линии.
Колекцијата е полна со богатство на текстури и неочекувани светли бои како што се боја на маховина и интензивни нијанси на орхидеа.
Колекцијата е шаренолика така да секоја дама може да најде нешто за себе.
Моделот Crosby е направен од телешка кожа и подготвена е за софистицирани урбани жени. Таа доаѓа со цена од 2.150 долари.
Tiffany’s Sabrina чантите се достапни во разни бои,вклучувајќи чанта во боја на орхидеа од крокодилска кожа,оникс,сребрено металик,мулти – металик а нивната цена се движи помеѓу 1.195 – 2.500 долари.
Tiffany Mercer чантата доаѓа во зебра принт. Изработена е од телешка кожа и чини 1.550 долари. Рамнотежата помеѓу стилот и функционалноста е чантата Erin во леопард принт и можете да ја купите по цена од 1.650 долари.
Tiffany Cornelia е луксузна чанта од крокодилска кожа. Ова парче елеганција чини 13.500 долари. Tiffany Crosby е исто така дел од новата модерна колекција со цена од 2,150 долари.
Tiffany кожната колекција изработена е со рачна изработка од страна на квалификувани занаетчии. Цените на чантите од новата колекција се од 50 – 16.500 долари во зависност од големина и квалитет на кожата.
