Ослободете се од првутот по природен пат

Објавено: 30 октомври, 2013, во 09:43 часот

Ако веќе долго време се мачите со првутот и не знаете како да се ослободите од него еве ви два стари рецепти против овој проблем.

Чај од мајчина душичка

Во пола литар вода додадете две лажички иситнета мајчина душичка,оставете да отстои ,исцедете и изладете. Подготвениот чај втријте го на темето со прстите или вата само внимавајте да не го изгребете темето со ноктите. Оставете го чајот на косата неколку минути а потоа темелно измијте го. По плакнењето те,ето намачкајте го со маслиново масло и ставете капа за туширање. Маслото оставете да стои пола час и потоа косата добро измијте ја со благ шампон.

Кромид

Ако првата метода не ви ги даде очекуваните резултати испробајте ја и оваа ,можеби поделотворна секако со непријатен мирис. Кромидот е богат со сумпур а тој е многу делотворен во борбата против бактериите кои го предизвикуваат првутот. Земете главица кромид,преполовете ја,истријте го темето  оставете да делува. После десет минути измијте ја косата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.