Michael Kors празнична кампања 2013
Објавено: 29 октомври, 2013, во 10:49 часот
Искрено постојат многу причини поради кои просто го обожуваме Michael Kors. Неговите кампањи дишат в луксуз на ноќниот живот додека девојките секогаш се во центарот на вниманието,како што и треба да бидат секогаш.
Неговите гламурозни чанти сјаат од елеганција а сјајот на накитот го краде вашето внимание. И сега празничната кампања на славниот Michael претставува токму добар живот исполнет со сјај и гламур. Уште еднаш е претставена неговата муза, Carmen Pedaru, која во фустан на познатиот креатор ве остава без здив. Новата кампања го носи духот на празниците и доброто расположение а како и да не кога дизајните се совршени за џет сет моменти.
