Предмет на желба : Чанта јаболко
Објавено: 28 октомври, 2013, во 10:34 часот
Парискиот бренд за обувки Apologie е основан пред само една година но веќе има цела армија на обожаватели заради своите нови чевли.
Тие одлучија да ја прошират својата понуда и да почнат да дизајнираат чанти така да веќе во јануари не очекуваат слатки чанти во облик на јаболко со златни листови и синџир.
Црна,виоелтова,портокалова,црвена,сина и боја на малина – тоа се боите меѓу кои купувачите ќе ги изберат своите јаболчиња.
-Ми се допадна идејата чанта која можеш да ја носиш како накит со мал црн фустан,изјави дизајнерката Olivia Cognet. Така да Charlotte Olympia доби конкуренција – два бренда ја делат страста помеѓу необичните дизајни.
