Погледнете зошто ги нарекуваат револуционерни
Објавено: 28 октомври, 2013, во 10:01 часот
Часовниците Chanel J12 Moonphase се предмет на желба на многумина бидејќи токму тој модел од линијата J12 отвори нови хоризонти во производството на часовници на овој француски бренд.
Моделот Moonphase е апсолутна иновација која е службено претставена на саемот на часовници Baselworld 2013. На таа платформа колекционери,критичари и сопственици на бутици можеа да ги видат часовниците J12 White Sapphire Bezel и моделот J12 Chromatic во сива боја.
Денес,благодарение на моделот Moonphase, одделот на модната куќа Chanel задолжен за часовници се качи на ново ниво. Мајсторите ги дополнија овие едноставни часовници со лунарен календар кој овозможува изглед на четири месечни фази на позадината на ѕвездено небо.
Часовниците се направени од високо технолошка керамика и имаат шест различни дизајни. На едниот се бројчаник и лунарен календар украсен со дијаманти а на другиот “Baguette” со резбани дијаманти. Линијата се состои од само 12 примероци и достапна е во flagship бутикот на овој бренд.
