Оваа есен повторно се носат пелерини

Објавено: 26 октомври, 2013, во 09:58 часот

Ако оваа сезона,покарај јакните,капутите и мантилите и понатаму сте во потрага по некој поинаков предмет за облекување кој ќе ве згрее,наша препорака е да инвестирате во пелерина,која со доаѓањето ан есенските дождливи денови е повторно во центарот на вниманието!

Ѕвонестиот крој на ова шик парче за облекување ви дава доза на елеганција а на вас ќе ви овозможи идеална доза на удобност и топлина,кои ви се неопходни во есенските месеци. Неспорно е дека пелерината има безвременска привлечност поради што еднаш кога ќе ја купите со вас ќе биде во секоја пролетна и есенска сезона.

Иако секогаш е „ин“ и редовно ни се враќа на крајот на летните и зимските денови,познатите модни брендови се разиграа со детали за овој шик парче да го направат што посовремено.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.