Знаете ли која е природната боја на вашата коса?
Објавено: 23 октомври, 2013, во 14:43 часот
Колку бојадисувањето на коса зема замав зборува и фактот дека гоелм број жени и не знаат веќе која е нивната природна боја на коса.
Младите жени се бојадисуваат од револт,постарите да ги покријат белите влакна а истражувањето спроведено во Велика Британија донесе интересни резултати. Имено дури 17 отсто од жените не можат да се сетат како им изгледа природната боја на коса.
Што се однесува до навиката за одење на фризер од 1300 анкетирани жени поголем број велат дека го посетуваат на секои два месеци а 39 отсто одат на потстрижување,28 отсто на бојадисување,додека третина одат и ан едното и на другото.
Интересен е и податокот дека само 12 отсто од анкетираните никогаш не ја бојадисале косата а најчеста комбинација на бојадисување е од природна кафеава во плава што го направиле дури една третина од жените.
Експертите советуваат дека е подобро косата да ја бојадисувате со природни средства како кана,кафеава или црвена која ќе ви даде преубави нијанси а во случај да сакате да ја осветлите тука ви е циметот.
Плавата коса исто така можете да ја осветлите со чај од камилица или портокал. Сварете силен чај ,оставете да се излади и со него добро измијте ја косата . По плакнењето добро е косата да се исуши со фен и да се стави фолија на глава,бидејќи топлината ќе им помогне на маслата подобро да се впијат во косата.
