Чевли кои секоја жена ќе посака да ги има
Објавено: 18 октомври, 2013, во 11:50 часот
Дизајнерскиот виртуоз кога се чевлите во прашање Kristijan Lobutin лансираше нова колекција на чевли кои ќе ви ги продолжат нозете.
Имено,штиклата во боја на кожа која совршено одговара со вашиот тен ви гарантира дека нозете ќе ви изгледаат подолги. Класичните модели на Lobutin овој пат ќе бидат во пет нијанси,од сосема светла ,речиси бела за порцелански тен до полна богата боја на костен за дамите со потемна кожа.
-Ги дизајнирав така да ги снемува како магија стопувајќи се и така визуелно се продолжува ногата,односно целата силуета,објаснува Lobutin.
Уште една од предностите на овој модел е тоа дека се направени така да не го одвлекуваат вниманието од облеката туку се вклопуваат но и ја додаваат посакуваната висина.
Освен тоа,тимот на дизајнери за сите дами осмисли и посебна апликација “Louboutin Shades” која со помош на фотографии за нозете на потенцијалните купувачи ќе им овозможи полесен избор на нијансата која им одговара.
