Есенски плодови за убавина

Објавено: 17 октомври, 2013, во 09:33 часот

Есенската храна е највкусна а единствено нешто што е подобро од вкусот е нејзината способност да ја одржува убавината и младешкиот изглед.

Стручњаците често истакнуваат дека треба да уживаме во сезонските производи бидејќи така на нашето тело ќе му дадеме многу хранливи состојки.

 

Тиква

Освен за декорација на домот,тиквата може да се користи за подготовка на разни јадења од десерти до разни прилози со месо. Одличен извор е на витамин А која има антиоксидантно дејство и го намалува нивото на слободните радикали во телото кои се заслужни за предвремена појава на брчки .Таа содржи бакар и цинк кои ќе ги намалат темните дамки предизвикани од акни а ќе помогне и кај кожни проблеми.

Цвекло

Цвеклото ќе ја поттикне детоксикацијата на кожата и стимулира производството и регенерацијата на клетките. Тоа набрзо ќе го забележите на изгледот на кожата. Антиоксидантните својства на цвеклото ќе спречат предвремено појавување на брчки и ќе го намали оштетувањето на кожата предизвикано до надворешните влијанија.

Брусница

Ова мало зрнесто овошје има одлични нутритивни својства. Тие  се моќен антиоксиданс а ја зголемуваат еластичноста на кожата. Тие се користат за намалување на акните и ублажување на симптомите на псоријаза и дерматитис поради што козметичката индустрија се почесто ги додава во своите производи.

Ореви

Тие се одличен извор на омега 3 масни киселини кои ја јакнат мембраната на кожата,ја прават сјајна,мека и младешка. Тие помагаат и кај акните, а ги елиминираат токсините кои кожата а прават оштетена,сува и груба на допир.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.