Кој ќе го купи најскапиот ѓердан на светот ?

Објавено: 15 октомври, 2013, во 10:30 часот

Најскапата огрлица на светот е вредна 55 милиони долари.

Со скапоцен камен во големина на јајце,оваа огрлица е дело на дизајнерската куќа Mouawad. Својот купувач ќе го најде на изложбената продажба на накит во Сингапур. Врв на ова сјајно парче е 407 каратниот жолт камен кој исто така е познат како ” The Golden Giant“.

Беспрекорниот дијамант е дополнет со 90 бели дијаманти. Се ан се,оваа  светликава огрлица ќе додаде 637 карати на оној кој ќе ја купи. Jean Nasr, директор на Mouawad бутикот кој ја претстави 637 каратната огрлица на медиумскиот настан во Сингапур тврди дека сериозно интересирање покажале неколку потенцијални купувачи од Азија.

-Луѓето кои себе можат да си дозволат ваква огрлица гледаат на тоа од поинаква перспектива,бидејќи ова е дефинитивно добра инвестиција,додава Nasr.

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.