Какао маска за сите типови на кожа

Објавено: 10 октомври, 2013, во 11:15 часот

Зборовите чоколада и какао сигурно ќе го разбудат вашето чувство за вкус. Меѓутоа овие состојки се и многу добри за вашата кожа. Еве и зошто…

Какаото е славна состојка на оваа маска. Многу е добро за кожата бидејќи е богато со антиоксиданси. Помага во обновување на оштетените клетки на кожата и ни дава свеж изглед. Црната чоколада ја омекнува кожата и и дава мирис,додека млекото делува како природен навлажнувач. Доколку сакате можете да додадете и неколку зрна кафе. Тие можат да ви помогнат во отстранување на темните дамки од лицето .

Сомелете ги зрната кафе во прав. Четири до пет лажици од сомеленото кафе ставете во чинија. Додадете црна чоколада во прав и сето тоа добро измешајте го. На крај додадете четири супени лажици како и пола шоља млеко за да се направи смеса во вид на крем односно маска.

Оставете да делува 15 минути и потоа измијте.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.