Пилинг за тело од кокос и лимета

Објавено: 5 октомври, 2013, во 11:20 часот

Сакате да ги продолжите мирисите на летото во својата глава а истовремено и да ја негувате својата кожа? Сетете се на летните авантури, доживувања и одмор со освојувачки пилинг за тело од кокос и лимета од домашната работилница.

Со пилингот за тело ќе го отстраните и последното парче задебелена кожа на стапалата,колената и лактите,ќе ги отстраните и мртвите клетки од кожата кои се лоши за тенот и ќе и дадат на кожата здрав сјај.

Пилинг за тело од кокос и лимета

Состојки :

60 мл кокосово масло

200 грама бел шеќер

Една супена лажица кокосово брашно и шест до осум капки ароматично масло од лимета.

Во кокосовото масло ставете го шеќерот и кокосовото брашно. Добро измешајте и на крај додадете го ароматичното масло. Се уште еднаш добро измешајте го. Смесата чувајте ја во стаклена чинија на ладно место до два дена.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.