За работа морате да имате и работна чанта
Објавено: 3 октомври, 2013, во 11:38 часот
Покрај тоа што на работа морате да имате и одредена деловна комуникација,да бидете деловно облечени,морате да имате и работна чанта бидејќи таа остава впечаток на работодавец.
Најдобар впечаток ќе остави кожна работна чанта особено ако се наоѓате на повисоко ниво во фирмата. Изберете класична кожна чанта или помодерен модел се во зависност од тоа како инаку се облекувате за работа.
Чантата секако треба да ја изберете сами а не да чекате некој да ви ја подари. Исто така никогаш не би требало да подарувате чанта бидејќи на тој начин на личноста можете да и испратете лоша порака.
Работна чанта не морате да носите само на работа. Таа може да ви послужи и за секојдневно користење покрај работата. Работната чанта би требало да ви послужи за да ја соберете во неа потребната документација но личните работи,особено ако тој ден имате неколку работни состаноци.
