Маски за лице од црвени плодови

Објавено: 28 септември, 2013, во 11:38 часот

Црвеното овошје како јaгодите,јаболката или доматот се некои од плодовите кои можете да ги испробате како маска за лице. Посебно треба да ги користите овие маски за лице доколку страдате од проблеми со кожата.

Калинка

Направете маска за лица со мешање на една шоља калинка со ¾ шоља кисело млеко. Ставете ја смесата на лицето и вратот. Оставете 20 минути и измијте со топла вода. Оваа маска се користи доколку сакате да се ослободите од мрсна кожа.

Јагоди

Јагодите се користат за да и дадат сјај на вашата кожа. Значи,ако имате сува кожа нанесете маска од јагоди(измешајте со млеко) на лицето. Нанесете малку повеќе околу очите и усната.

Цреши

Црешите можат да ви помогнат да се ослободите од дамки на кожата. Ако имате темни дамки на лице можете да ги осветлите со маска од цреши. Сомелете една шака црвени цреши во густа смеса. Ставете капка вода од роза во тестото и ставете на вашата кожа. Оставете 30 минути пред миење со топла вода.

Домат

Изгмечете еден домат и ставете директно на лице и врат со кружни движења. Кога сокот ќе се исуши на вашето лице ,измијте го со разредено млеко и вода.

Лубеница

Масирајте го лицето со парче лубеница и оставете да се исуши. Кога ќе се исуши земете друго парче лубеница и масирајте пак. Повторете го овој третман три пати пред да го измиете лицето со млака вода.

Јаболка

Ако имате белези на лицето можете да се ослободите со користење на маска за лице од јаболка. Згмечете јаболка со кората и додајте малку вода од роза. Нанесете ја смесата на влажно лице и оставете да се исуши. Измијте со топла вода после 30 минути.

Малина

Маска која ќе в помогне да се ослободите од мозолчињата на лицето. Носот е подрачје на лицето кое  е најизложено за добивање на мозолчиња. Втријте ги малините на носот 15 минути. После ова користете вата натопена во млеко и избришете го носот.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.