Зоран Ѓорѓиев нов претседател на ОО на СДСМ Кавадарци
Кавадаречките социјалдемократи на прес конференција денеска го претставија новиот претседател. Лидерот на партијата, Зоран Заев, му ја даде довербата на дипломираниот шумарски инжинер Зоран Ѓорѓиев. Тој ги повика членовите симпатизерите и неопределените на соработка врз поставените темели на партијата за нова страна во историјата на општинската организација.
„Вратите на партијата се широко отворени за сите профили на кадри кои ќе го вложат својот човечки и интелектуален капацитет во креирањето на политиката за подобро Кавадарци. ОО на СДСМ отвора еден нов пристап кон секој член, симпатизер и неопределен граѓанин кој ќе значи можност за артикулирање на желбите и идеите на секој поединец. Ве убедувам дека тргнуваме во поход кој значи победа“ рече Ѓорѓиев./А.Д