Неексплодирана рачна бомба пронајдена до патот кон село Крајници
Објавено на 9 јануари, 2025 во 15:12
Седумдесет и две годишниот А.Ј од село Крајници, вчера, напладне, пријавил во Полициското одделение Чашка, дека покрај пат во атар на селото пронашол неексплодирана рачна бомба. Според портпаролката на Сектор за внатрешни работи Велес, Билјана Ѓаковска, полициски службеници од Полициското одделение Чашка го обезбедиле местото и пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнал бомбата.