Еко контејнери за кавадаречките училишта
Училиштата во Кавадарци денеска добија еко контењери за селекција на отпадот. Контењерите се донација од непрофитната компанија Пакомак која во соработка со Локаланата самоуправа и има за цел да допринесе за поквалитетно живеење.
„Овие контењери се чекор кон поголеми еколошки стандарди“ рече градоначалникот Александар Панов.
Согласно со новиот Закон за управување со пакувањето и со отпадот од пакување, од 10 јануари 2011 „Пакомак“ е првата компанија во Македонија што поседува дозвола за селекција и преработка на отпад од амбалажи.11 водечки производствени компании од Макеоднија се нејзини основачи,а меѓу нив е и Кожувчанка Кавадарци. Нејзината мисија е одговорниот однос кон амбалажниот отпад, и минимизирањето негативното влијание врз животната средина со што ќе се овозможи поквалитетен живот за сите./А.Д