И екологистите од Кавадарци собираат потписи за измени на законот за животна средина
Објавено на 25 септември, 2013 во 13:28
Еколошкото друштво “Еко-живот” од Кавадарци започна акција за собирање на потписи со кои се бара дополнување на Законот за животна средина. Екологистите со оваа активност сакаат законот да ги условува инвеститорите за да не можат да градат загадувачки комплекси на растојание помало од 5 километри од населено место.
„Сакаме да бидеме сигурни дека во иднина нема да никне некој производствен објект кој ја загадува околината близу до населено место. Ние ќе сториме се што можеме за зачувување на здравата животна средина затоа што никој од нас нема резервна планета. Еко Живот ќе ги продолжи и еколошките акции во цела Тиквешија“ рече претседателот на „Еко Живот“ Роберто Паризов./А.Д