Во Штип, денеска, ќе биде погребан Дуле
Објавено на 24 септември, 2013 во 09:36
Денешниот ден во Штип е прогласан за ден на жалост. Го прогласи општина Штип поради смртта на Душан Љубисавлевиќ – Дуле. Познатиот штипски естраден изведувач ќе биде погребан денеска на градските гробишта во Штип.
Штипјани ќе имаат можност да му оддадат почит со палење на свеќи пред Домот на културата „Ацо Шопов“ и да изразат сочувство на семејството на прерано починатиот македонски естраден уметнк. Во салата на Домот на културата, Дуле заедно со Kоки, два пати настапи на фестивалот „Макфест“ и победи.
