Кошула- парче од гардеробата за секоја прилика
Објавено: 24 септември, 2013, во 09:05 часот
Едно од основните парчиња во орманот на секоја жена е кошулата ,адут за секоја комбинација кое благодарение на многуте кроеви и дезени лесно се вклопува во секоја прилика.
Да се има неколку добри кошули во орманот е голема скапоценост за секоја жена = се нудат безброј комбинации и трансформации а оваа сезона се и многу тренди.
Кошулата секоја дама треба да ја има во орманот. Та а е адут на секоја модна комбинација која лесно се вклопува во секоја прилика. Дали станува збор за пладневно пиење кафе со пријателките,вечерно излегување или деловен состанок – со кошула нема да згрешите.
Секој моден познавач класичната бела кошула ќе ја стави меѓу комбинациите за облекување кои секоја женат треба да ги има. Сличен статус со години има и карираната кошула а токму овој дезен ќе стане моден хит во претстојната есенска сезона. Освен што се основа за добар стил многу се практични и благодарни за комбинирање.
Благодарение на бројните начини за кои можете да ја носите кошулата – со фармерки,елегантни панталони и разни кроеви на сукњи,кошулите се неодминлив дел од гардеробата.
