Нова винарија започна со работа во село Марена
Објавено на 20 септември, 2013 во 13:12
„Повардарие-Аневски“ е новата винарија која започна со работа денеска во селото Марена. Визбата е со капацитет да откупи 1 милион килограми грозје и да преработи 700 илјади литри на вино. Визбата е изградена со американски капитал.
Честа да ја стартува визбата ја имаше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, кој од менаџерот на винаријата Ѓорѓи Бебеџаков беше запознат со плановите за работа.
„Наша тенденција е капацитетот на преработувачкиот капацитет да се зголемува од година во година. Ќе стартуваме со производство на наливно вино од повеќе сорти на грозје а флашираното вино секако дека е во нашите планови. За виното што ќе го произведеме веќе однапред имаме обезбедено пласман“ рече Бебеџаков./А.Д