Што не треба да облекувате после триесеттите
Објавено: 20 септември, 2013, во 08:29 часот
Не морате да го менувате животот само затоа што згазнавте во најубавите години особено затоа што тие не треба да бидат пречка за вас. Сепак постојат работи кои би требало да престанете да ги носете не затоа што вашето тело се сменило туку затоа што со стилот го оддавате нивото на зрелост.
Маички со слогани
Вакви маички најмногу носат тинејџерките кои сакаат да бидат забележани или нешто да кажат. Понекогаш носењето на вакви маички е вид на дрскост. Бидејќи тинејџерските денови се далеку зад вас нема потреба да привлекувате таков вид на внимание.
Искинати фармерки
Не би требало да ги носете од иста причина од која не би требало да носите и маички со слогани. Тие изгледаат добро на слаби модели во списанија или на телевизија но во реалниот живот не би сакале да ве гледаат со дупки на фармерките.
Плетенки
Секако дека плетенките се слатки но на деца! Со триесет години би требало да имате посериозна фризура.
Премногу сјај
Сјај во вид на претеран накит или светки препуштете го на реперите и поп ѕвездите а триесеттите се години кога треба да се свртите кон стилот и елеганцијата.
Хеланки со кратки маички
Хеланките со тесни залепени маички не изгледаат добро на никој. Дури изгледаат и невкусно и затоа стоите понастрана.
Влегувањето во триесеттите не значи дека не треба да бидете доволно модерни или конзервативно облечени. Само тргнете се од одредени работи кои можат да бидат комплетно модно промашување и да изгледате смешни.
