Природни средства за раст на веѓите

Објавено: 20 септември, 2013, во 08:06 часот

За да имате убави и густи веѓи какви што се повторно модерни,можете да користите евтини природни средства кои ќе го забрзаат растот на влакната.

* Рицинусово масло: Нанесувајте го два пати неделно,пред да одите на спиење така што ќе го масирате на веѓите. Рицинусовото масло ќе го нахрани самиот корен на влакното.

* Маслиново масло: Мачкајте ги веѓите со него секојдневно и тие не само што побрзо ќе растат туку и ќе станат погусти.

* Кокосово масло: Со него можете да ја масирате  косата и веѓите .

* Алое вера гел: Ќе направи веѓите да ви станат густи а кожата под нив помека и посјајна.

* Млеко: Секогаш кога ќе иамте време веѓите намачкајте ги со вата натопена во млеко.

* Есенцијални масла: Измешајте еднаква количина по лажица од секое масло на лаванда,рузмарин,мајчина душичка,лимон и маслиново масло и со тоа мешавина масирајте ги веѓите секоја ноќ,пред спиење. Истата мешавина може да направи чудо и за раст на косата.

* Сок од кромид: И свежиот сок од кромид има моќ веѓите да ви ги направи погусти.

* Јајце : Изматете една жолчка и со помош на вата нанесете ја на веѓите. Оставете да делува 15 минути па измијте со ладна вода.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.